Прва лигаФудбал

Милош Николиќ стави крај на богатата кариера, Силекс се прости од својот лидер

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Силекс, на емотивен начин се прости од еден од најискусните фудбалери во своите редови, откако Милош Николиќ официјално стави крај на својата професионална играчка кариера.

Во натпреварот од последното коло, 37-годишниот фудбалер за последен пат го носеше дресот на кратовскиот клуб, со што беше заокружена една успешна приказна која траеше четири сезони во „сино-црвениот“ табор.

Николиќ во изминатите години беше еден од најважните и најпрепознатливи фудбалери на Силекс. Со своето искуство, лидерски способности и професионален однос остави силен печат во клубот, како на теренот, така и надвор од него. Во дресот на Силекс забележа повеќе од 100 настапи и беше дел од значајни успеси и важни моменти за кратовскиот состав.

Од ФК Силекс со емотивна порака му се заблагодарија за сè што направил за клубот.

„Последен танц за Милош Николиќ – ти благодариме за сè! На денешниот натпревар во рамките на последното коло, дресот на Силекс за последен пат го облече Милош Николиќ, кој по четири сезони минати во нашиот клуб става крај на својата играчка кариера. Николиќ во изминатите четири години остави значаен белег во клубот, носејќи искуство, лидерство и професионализам на теренот и надвор од него. Во „сино-црвениот“ дрес запиша над 100 настапи. Му благодариме за секој настап, секоја борба и секој момент поминат во нашиот град. Му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во новото животно поглавје.“

Со завршувањето на кариерата на Николиќ, македонскиот фудбал останува без уште едно искусно и препознатливо име кое во изминатите години беше важен дел од успесите на Силекс.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Димоски: Шкендија има најголем квалитет во лигата, во Штип одиме по трите бодови!

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија, денес ќе гостува во Штип,...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски го освои „Људски врт“: Олимпија со Митровски славеше во големото дерби

Југослав Тренчовски и Димитар Митровски се радуваа на вредна победа во словенечкото...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига пред комплетирање на 10. коло ?

Денес ќе биде комплетирано десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига, а...

ФудбалФутсал

Црна Река подготвена патува во Штип за дербито со Мал Ајакс

Денес во Штип ќе се одигра дербито на 3. коло во Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!