Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со луд пресврт во финишот го сруши Ас Јунајтед, Кочани го испрати Топ Гол во Втора лига

Сподели
Сподели



Тиверија Брера со драматичен пресврт во самиот финиш стигна до важна победа од 2:1 над Ас Јунајтед во рамки на 26. коло од Првата женска фудбалска лига, додека битолски Топ Гол и официјално се пресели во Втората лига по поразот од Кочани.

Екипата на Ас Јунајтед беше многу блиску до голем триумф во Струмица, откако преку Теодора Далческа во 14. минута поведе со 0:1. Стружанки успешно ја чуваа предноста речиси до самиот крај, но домашниот состав успеа да направи целосен пресврт во последните минути.

Во 86. минута, по одлично изведен слободен удар на Павлинка Николовска, Данче Карпузовска најдобро се снајде пред голот на Диана Алуши и погоди за израмнување на 1:1. Само две минути подоцна, Стефанија Божинова стрелаше за комплетен пресврт и голема победа на Тиверија Брера од 2:1.

Во Македонска Каменица, екипата на Каменица Саса рутински и убедливо славеше над Речица со 7:0. Капитенот и најдобар стрелец во шампионатот, Ана Димитровска, постигна хет-трик, Васка Василева двапати се запиша во листата на стрелци, а по еден погодок реализираа Бразилката Тчеури Харуми Гоја и Стефанија Веселинова.



Ланскиот шампион Љуботен на домашен терен беше подобар од Вардар со 4:1. Двоен стрелец за тетовскиот состав беа Меланија Грозданова и Улза Максути, додека единствениот погодок за „црвено-црните“ го постигна Теодора Јанковска во 26. минута.

Кочани, пак, со победата од 0:3 на гостувањето кај Топ Гол во Битола го испрати домашниот тим во Втората женска фудбалска лига. Резултатот го отвори Марија Велиновска во 60. минута, а Ангела Стојковска во 89. минута зголеми на 0:2. Во судиското продолжение, Андреа Алексовска си постигна автогол за конечни 0:3.

Со овој пораз, Топ Гол и официјално испаѓа во Втората лига, додека Кочани ќе игра бараж за опстанок против поранешниот шампион Билјанини Извори од Охрид.

Претходно, како што објави Спортска Мрежа, Истатов го доби Скопје со 2:1 во пржинското дерби, откако претходно со шпалир го поздрави новиот шампион.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Митревски и Тодоровски со нова меѓународна задача, ќе судат на дуелот Италија – Словачка

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со меѓународните обврски, откако добија ново делегирање од Европската ракометна федерација. По неодамнешниот ангажман...

Ракомет

Браќата Илиевски со европско делегирање, ќе судат на дуелот Холандија – Финска

Македонското судење ќе има уште еден претставник на меѓународната сцена во претстојниот циклус квалификации за Европското првенство во 2028 година. Европската ракометна федерација...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по...

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив против СЕЕ Университи, трите бодови во Велес

Кеги Моби триумфираше над СЕЕ Университи и во Велес се враќа со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!