Прва лигаФудбал

Прва лига пред празни трибини: Вардар против Тиквеш, Брера го чека Работнички, дерби на Гостивар и Силекс!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Последните две есенски кола од Првата лига ќе се одиграат без публика, за што информираше ФФМ за одлуката на комисијата за натпреварување, по претходно барање на Министерството за внатрешни работи, а поради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.

Брера Струмица на домашен терен ќе игра против Работнички, во меч каде струмичани и „романтичарите“ силно ги посакуваат трите бодови. И двете екипи сакаат да фатат и да влезат во победнички ритам и да имаат позитивна серија резултат во финишот од есенската полусезона.

Вардар на домашен терен ќе игра против Тиквеш, ова ќе биде соочување за трите бодови, а со тоа и бегство од опасната зона.

Шкупи на Чаир ќе го пречека актуелниот шампион Струга Трим Лум, каде „гулабите“ влегоа во голема резултатска криза и од последните пет натпревари ја имаат најлошата форма со пет порази во низа, во однос на Струга која влезе во победничка серија.

Воска Спорт на „Билјанини Извори“ во Охрид ќе го пречека поранешниот шампион Шкендија од Тетово, каде гостинот е фаворит, а домаќинот ќе сака изненадување, па макар тоа било бод.

Гостивар и Силекс играат дерби за врвот во Првата лига, двете водечки екипи во директен дуел, а од истиот најмногу може да ќари Шкендија.

Во Битола соочување на двата лански второлигаши, Пелистер на домашен терен против Беса, каде и двете екипи ќе бараат три бодови и победа за враќање прогрес на табелата.

Натпреварите се играат без публика, а стартуваат во 13 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот официјално објави дека АЛТА банка е нов спонзор на македонскиот кошаркарски...

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На денешната ждрепка во Виена, македонскиот претставник за ривал го доби...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!