Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“ е голем, а пријавувањето на екипите е во полн ек.
Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да уживаат во возбудливи натпревари, бидејќи турнирот започнува на 12 јуни во спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен, под покровителство на Општина Ресен и останатите спонзори.
Интересот кај екипите од повеќе градови е значителен и се очекува уште едно квалитетно и масовно издание на турнирот, кој традиционално привлекува голем број публика и љубители на спортот.
„Почитувани љубители на спортот и малиот фудбал, и оваа година повторно од 12.06.2026 ќе се одржи Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“ под покровителство на Општина Ресен и останатите спонзори во спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен. Се надеваме дека и на овој турнир, како и на претходните, присуството на гледачи ќе биде во голем број. Исто така апелираме до навивачите да се коректни и фер спрема сите екипи. Нека победи подобриот“, порачаа организаторите.
Сите заинтересирани екипи можат да се пријават кај Јовче Богданоски на телефонскиот број 077 671 565 (Viber), како и кај Дејан Маслинковски на 078 898 383.
И оваа година „Спортска Мрежа“ ќе биде медиумски покровител на турнирот, па љубителите на спортот секоја вечер ќе можат да ги следат резултатите, фотографиите и деталните извештаи од натпреварите.
Турнирот и ова лето ќе биде вистински спортски спектакл во Ресен, а организацијата очекува уште поголем број екипи и публика во однос на претходните години.