Останато

ФОТО: Кавадарци добива нов спортски објект во СЦ „Јасмин“, започна изградбата на капиталната инвестиција

Сподели
default
Сподели

Започнаа земјените работи и ископот за темелите на новиот објект кој ќе биде дел од Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, капитален проект со кој градот ќе добие нови современи спортски содржини и услови за развој на спортот.

Според информациите што ги објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во следната фаза од реализацијата ќе следува изведба на темелите и нивно тампонирање, со што проектот постепено ќе започне да ја добива својата конечна форма на терен.

Новата инвестиција ќе се простира на површина од 1.000 метри квадратни во основа, а објектот ќе располага со подрум, приземје и кат. Во рамки на комплексот предвидени се куглана, сала за гимнастика, како и седум апартмани за сместување на спортисти.

Проектот е со вкупна вредност од 118.000.000 денари и целосно е финансиран преку Владата, односно преку вториот повик за капитални инвестиции.

Со оваа нова спортска инвестиција, Кавадарци продолжува да се развива како модерен и спортски ориентиран град, кој создава подобри услови за спортистите, младите и спортските клубови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа од Тромеѓа ја освои Крива Паланка, Куманово со триумф над Влазними, Речица освои бод во гости

Екипата на Беса од Слупчане ја имаше највисоката победа во рамките на 5. коло на Трета лига регион 2 откако на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Илинден со победа над Њу Старс, тежок пораз за Аеродром, три бода за Фортуна

Аеродром доживеа тежок пораз откако на домашен терен загуби од Кул Здравје со резултат од 0:6, во мечот од 5. коло на Трета...

Поврзани написи
Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!