Останато

ТК Кобра блесна на „Бутел Опен“: 15 медали и најмногу сениори меѓу сите клубови!

Сподели
Сподели



Таеквондо клубот Кобра имаше одличен настап на меѓународниот турнир „Бутел Опен“, кој изминатиот викенд се одржа во организација на ТК Бутел и Македонската таеквондо федерација како дел од лига-системот на федерацијата.

На силниот турнир настапија околу 300 до 320 натпреварувачи од Македонија, Србија, Албанија, Бугарија и Црна Гора, а ТК Кобра уште еднаш потврди дека е еден од најсериозните клубови на домашната сцена.

Клубот настапи со 17 натпреварувачи и освои вкупно 15 медали – пет златни, пет сребрени и пет бронзени.

Особено внимание привлече фактот што Кобра беше клубот со најголем број сениори на турнирот, настапувајќи со дури петмина сениорски борци, што претставува сериозен показател за квалитетот и континуитетот во работата на клубот.

Златни медали за Кобра освоија Јован Марковски во сениорска конкуренција до 80 килограми, Дин Личина во категоријата над 87 килограми, како и младите надежи Талија Пеншовски, Анастасија Гешовска и Игнат Величковски во пионерска конкуренција.

Со сребрени медали се закитија Огнен Јовески, Белмин Пепиќ, Давид Каревски, Виктор Петровски и Ева Тасевска, додека бронзени одличја освоија Максим Михаилов, Филип Младеновски, Филип Каревски, Илиана Нушева и Михаил Бојаџиски.

Инаку, Кобра ја има најдобрата пионерка на турнирот, Талија Пеншовски доби пехар.



На чело на клубот се претседателот Коста Михајлов и тренерот Катерина Јордановска, која важи за познат и признат таеквондо мајстор и интернационален судија по таеквондо.

Од клубот порачаа дека овој успех е резултат на посветена работа, дисциплина и голема желба за напредок, а задоволството од настапот на „Бутел Опен“ не го криеја ниту натпреварувачите, ниту стручниот штаб.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

Тиверија Брера и Каменица Саса по втора Куп титула – финале со богата историја и голем влог!

Женскиот фудбалски Куп на Македонија ќе донесе ново возбудливо финале, во кое силите ќе ги одмерат Тиверија Брера и Каменица Саса – две...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па така кондициониот тренер Матеј Јовановски и официјално ја продолжи соработката и...

Поврзани написи
Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

Останато

Деспотовски: Работнички покажа шампионски карактер кога беше најпотребно

Одбојкарките на Работнички Скопје по 18. пат во клупската историја ја освоија...

Останато

Сара Митевска и Кристијан Јанев се победници на Поинтер опен 2026

Македонските млади тениски надежи Сара Митевска и Кристијан Јанев се победници на...

Останато

Работнички Скопје ја продолжува шампионската традиција – слави 18. титула!

Работнички Скопје е новиот шампион на Македонија во женска конкуренција! Клубот ја...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!