Кошарка

Виктор Петровски: Навистина сум горд на овие девојки, оваа титула му ја посветувам на градот Крива Паланка!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



Крива Паланка е нов шампион во женска сениорска конкуренција. Во финалата серија на плеј-офот беа подобри од екипата на Бадел 1862, ја добија со (3-1), доволно за големо славење.

За прв шампионски трофеј во историјата на женскиот кошаркарски колектив од Крива Паланка. Во кој свој особен печат стави шефот на стручниот штаб, Виктор Петровски.

Предводникот на овој тим потенцира неколку работи кои беа дел до оваа најуспешна сезона во постоењето во која, освен домашните задачи, „војуваа“ и во регионалното натпреварување.

„Навистина сум горд на овие девојки, Оваа титула е награда за целиот труд, карактер што оваа екипа ги вложуваше во текот на целата сезона.

Сезона која беше доста тешка за девојките, со играње на два фронта, но тоа во WABA2 лигата ни донесе огромно искуство како екипа. Игравме против квалитетни противници, растевме од натпревар во натпревар и покажавме дека можеме да се носиме со силни екипи. Жал останува што кош-разликата нè остави чекор до Final 4,но тоа ни даде мотив плус на сите нас и влеговме уште посилно во домашното првенство“ – вели Петровски за овој сегмент од сезоната.

Смета дека тимот функционирале како едно големо семејство, и дека тука некаде е основата на крајниот резултат – шампионската титула:

„Посебна благодарност до моите играчи, кои цела сезона се жртвуваа и се откажаа од многу работи за да стигнеме до ова што го постигнавме. На секој тренинг и натпревар беа максимално посветени, даваа и повеќе од 1000% од себе и токму затоа овој успех е целосно заслужен. Најголемата сила на овој тим беше тоа што функциониравме како едно големо семејство – со доверба, поддршка и борба една за друга до самиот крај“.

Има и посвета за сите оние кои застанаа зад овој успешен проект:

„На крај, оваа титула ја посветувам на градот Крива Паланка, на сите кои изминатиот период дишеа заедно со нас и живееја со секој наш натпревар,и беа нашиот шести играч и ни дадоа дополнителна сила кога беше најпотребно.

Навистина сме многу благодарни за огромната поддршка и љубов што ја добивавме во текот на целата сезона. Голема благодарност и до сите кои стоеја зад овој тим и веруваа во нас од првиот до последниот ден“ – додава Петровски, кој со овој најзначаен трофеј во неговата кариера, стана и најмладиот тренер во Македонија на кого му пошло од рака да дојде до едно такво остварување.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на...

Кошарка

МЗТ и Работнички продолжуваат победнички, Куманово го запиша првиот триумф во Суперлигата откако славеше над Штип

Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти...

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!