Останато

Деспотовски: Работнички покажа шампионски карактер кога беше најпотребно

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарките на Работнички Скопје по 18. пат во клупската историја ја освоија шампионската титула во најсилното женско одбојкарско првенство во Македонија. Во драматичната финална серија од 33. државно првенство, скопскиот тим со 3-2 во победи го совлада Наковски Волеј, кој важеше за лидер и главен фаворит за титулата.

Искуството, победничкиот менталитет и одличната форма во клучниот дел од сезоната повторно се покажаа како пресудни фактори за Работнички. Скопскиот состав играше петто последователно финале, а токму рутината и стабилноста во најважните моменти му донесоа нов шампионски трофеј, кој се враќа во клубските витрини по едногодишна пауза.

Избраничките на Душко Деспотовски немаа воопшто лесна задача во финалната серија, бидејќи Наковски Волеј се покажа како исклучително квалитетен и мотивиран ривал. Тимот кој за првпат во својата клупска историја играше финале во плејофот беше решен да стигне и до дебитантската шампионска титула, па во серијата „подобар во пет“ мечеви пресудуваа ситни детали.

Двата тима приредија финале исполнето со неизвесност, квалитетна одбојка и голема борба, каква што одамна не е видена во женското домашно првенство. По пет возбудливи натпревари, сепак, најмногу причини за славје имаше Работнички Скопје, кој повторно се искачи на шампионскиот трон.

„Според прикажаното и резултатите од цела сезона Наковски Волеј беше фаворит до плејофот. Во финалната серија и двете екипи покажаа квалитетна одбојка. Имавме супер натпревари, со изедначени сили, убави поени, голема борба… Вакви добри соочувања, ваква неизвесност и надигрување во финалето оддамна сме немале. Ја освоивме 18-тата шампионска титула во клупската историја, го задржуваме епитетот најтрофеен клуб на домашната сцена и во последните пет години ова ни е петто финале во кое освојуваме четврта титула – мислам дека резултатите сами говорат за себе“, објаснува Деспотовски и продолжува: „Факт е дека игравме со осцилации во првиот дел од сезоната, потоа во вториот полека фаќавме ритам и веќе во плејофот ја темпиравме формата за крајната цел. Традицијата која ја има Работнички Скопје како клуб ни дава за право во секоја сезона да влегуваме со високи амбиции, а континуираните настапи во Европа само ни се додадена вредност во однос на квалитетни дуели и градење на искуство. Мислам дека токму тоа искуство беше клучен фактор во финалето на плејофот. Имаме екипа која е комбинација на младост и искуство. Искусните одбојкарки беа ‘моторот’ даваа кога беше најпотребно, но ме радува што и младите кои добија шанса, ја искористија максимално, имаат значаен допринос во оваа титула и носат надеж дека имаме иднина чие време допрва доаѓа. Ако раната елиминација во Купот на ОФМ ги изнесе на виделина сите лоши моменти во нашата игра, тогаш првенството го даде најдоброто од нас. Со шампионската титула се искупивме за сите киксови сезонава. Презадоволен сум од играта, од залагањето, од борбеноста и дисциплината – тактичка дисциплина и тоа во клучните моменти мислам дека го реши победникот во серијата.“ – вели Деспотовски.

Со освојувањето на шампионската титула, сезоната и официјално е затворена за Работнички Скопје, но клупските активности продолжуваат и во наредниот период. Дел од одбојкарките ќе останат во тренажен процес до крајот на јуни, додека други ќе му се приклучат на националниот тим и ќе му бидат на располагање на селекторот Милош Гавриловиќ за настапите во Европската лига 2026.

Во меѓувреме, управата на клубот веќе активно работи на формирање на ростерот и плановите за следната сезона, со цел Работнички да остане конкурентен и во домашните и во меѓународните натпреварувања.

„Ќе имаме само мала оддишка. Првенството заврши, но како и секоја посериозна екипа, така и ние продолжуваме со работа со младите до крајот на јуни – сега ќе им се посвети повеќе време на нив. Дел од екипата продолжува со репрезентацијата. Што се однесува до управата на клубот ние ќе работиме на тоа да го финализираме ростерот за следната година пред да мислиме на одмор. Се надевам дека и трендот на настапи во европските клупски купови, кој го имаме во последниве четири години ќе го задржиме и во следната“, констатира Душко Деспотовски.

Крунисувањето на Работнички Скопје за нов првак го заокружи 33. првенство во Првата лига жени за сезоната 2025/2026.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!