Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Сподели
Сподели

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па така кондициониот тренер Матеј Јовановски и официјално ја продолжи соработката и ќе остане дел од стручниот штаб предводен од Иван Чупиќ.

Од клубот истакнуваат дека Јовановски во текот на целата сезона покажал сериозен и професионален пристап во работата, а неговиот придонес бил значаен во унапредувањето на физичката подготвеност на ракометарите.

Покрај продолжувањето на соработката со кондициониот тренер, клубот промовираше и млад ракометар во првиот тим. Никола Нечовски потпиша договор на три сезони и ќе добие можност да се докажува во сениорска конкуренција.

Младиот ракометар бил лично селектиран од тренерот Иван Чупиќ и спортскиот директор Владо Недановски, кои веруваат во неговиот потенцијал и развој.

Од клубот посочуваат дека промоцијата на Нечовски треба да биде дополнителен мотив за сите играчи од младинските категории, како доказ дека со сериозен пристап, работа и напредок може да се стигне до првиот тим.

Нечовски во следната сезона ќе биде дел од ротацијата на плејмејкерската позиција, каде главниот товар се очекува да го понесат Јака Малус и Матео Фадуил.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!