Втора лигаФудбал

Три второлигаши пред „финале“ за спас на сезоната и опстанок во Втора лига

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели

Три второлигашки екипи ќе мора да одиграат натпревари со карактер на финале за да ја спасат сезоната и да обезбедат опстанок во Втората македонска фудбалска лига.

Каменица Саса и Кожуф, кои изминатите сезони беа стабилни второлигаши, преку бараж ќе мора да бараат спас и опстанок во второлигашкото друштво.

Кожуф до последно се бореше за директен опстанок, но надежите на тимот од Гевгелија беа урнати пред две кола, кога стана јасно дека Иван Варадиновски и неговите избраници ќе мора преку бараж да се спасуваат од испаѓање.

„Рударите“ од Македонска Каменица претходно ги загубија шансите за директен опстанок, па и тие преку бараж ќе се обидат да обезбедат нова второлигашка сезона.

Тетекс, кој минатата сезона стана шампион во Третата лига – Запад и експресно се врати во Втората лига, исто така ќе мора преку бараж да ја спасува сезоната. За „штофарите“, овие натпревари ќе бидат вистински мечеви на сезоната.

Во баражот за пласман во Втората лига веќе се пласирани Еуромилк ГЛ како шампион на Север, Камјани како шампион на Запад, Влазними како шампион на Југозапад и Борец како шампион на Југ.

Се уште не е познат шампионот на Третата лига – Исток, каде голема битка водат лидерот Победа Валандово и второпласираното Овче Поле. На две кола до крајот, разликата меѓу двата тима е само еден бод.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!