Делегирани судиите за утрешните натпревари од 28. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Дербито на колото ќе се игра во Штип, каде ќе се решава кој ќе биде шампион – Брегалница против Шкендија Арачиново, а за правдата ќе биде задолжен Александар Грујоски, а негови помошници ќе бидат Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски. Четврт судија на мечот ќе биде Дарко Стојчевски.
Делегат на овој натпревар ќе биде Васко Бошески, а пак за контролор е одреден Димитар Мечкаровски.
Комесар за безбедност на ФФМ за овој натпревар ќе биде Славко Дукоски.
Мечот меѓу Тетекс и Скопје ќе го суди Ндерим Тефику, а негови помошници ќе бидат Мартин Петковски и Александар Николоски, а пак Нинослав Нанков ќе биде четврт судија.
Делегат на мечот ќе биде Диме Наумчески, а контролор ќе биде Љубе Ристевски.
Кирил Смоквоски ќе им суди на Охрид и Големо Коњари, а ќе му помагаат Иле Мишески и Јован Анѓелкоски, а пак Дарко Котевски ќе биде четврт судија.
Драган Иванов е делегат, а контролор ќе биде Иса Емурли.
Во Ресен главен судија ќе биде Дарко Стојанов, кој ќе им суди на Преспа и Детонит Плачковица, а негови помошници ќе бидат Давор Дишлиевски и Дејан Стоиков, а пак Спире Арсов ќе биде четврт судија.
Павле Игнатов ќе биде делегат, а контролор Зоран Стефанов.
Дербито за престиж во Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и Слога Виница ќе го суди Јован Јовановски, а помошници ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, а пак Блаже Петковски ќе биде четврт судија.
Столе Тошев ќе биде делегат на овој натпревар, а контролор ќе биде Зоранчо Темелков.
Ангелчо Ристов ќе го суди натпреварот меѓу Новаци и Беласица, а ќе му помагаат Ване Дупкаров и Зоран Ангелов, а пак Ангел Гелов ќе биде четврт судија.
Гоце Шопоски ќе биде делегат, а контролор Зоран Костоски.
Борче Павловиќ ќе го суди мечот меѓу Вардар Неготино и Осогово, а помошници ќе бидат Стефан Стојановски и Иван Ивановиќ, а пак Дејан Младеновски ќе биде четврт судија.
Зоран Ѓорески ќе биде делегат, а за контролор е одреден Златко Неделкоски.
Сашко Ристов ќе им суди на Кожуф и Победа во Гевгелија, е ќе му помагаат Александар Ајдаров и Андреј Ќамилов, а пак Боби Величков е четврт судија.
Нафил Смаиловиќ ќе биде делегат, а Драган Ристовски ќе биде контролор.
Сите натпревари ќе започнат во 16 часот.