Денес ќе бидат одиграни четири натпревари од 24. коло на Првата женска фудбалска лига, а оваа рунда ќе биде затворена дури во среда (13 мај) со еден натпревар.
Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари.
Колото денес се отвара со два натпревари кои ќе започнат во 11 часот. Во Големо Речица ќе се игра натпреварот меѓу Љуботен и Тиверија Брера, каде Ненад Тодоровски ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Филип Николов и Петар Арсовски, а контролор ќе биде Раско Мишкоски.
Во истиот термин во Македонска Каменица ќе започне натпреварот меѓу Каменица Саса и новиот шампион Скопје, а правдата ќе ја дели Никола Петковски како главен судија и Станко Митровиќ и Кирил Јованов како помошници.
Контролор на овој натпревар ќе биде Сашо Иванов.
Во 12 часот ќе започне натпреварот меѓу Истатов и Ас Јунајтед кој се игра во Пржино, а каде Вјолца Изеири ќе биде главен судија, а нејзини помошници ќе бидат Мартин Дејаноски и Зоран Саздовски.
Контролор на овој меч ќе биде Бурханедин Салихи.
Во Битола со почеток од 17 часот ќе започне натпреварот меѓу Топ Гол и Вардар, а правен судија ќе биде Ирена Велевачковска, а нејзини асистенти ќе бидат Дино Конески и Ангела Домазетовска.
Жарко Тодоровски е одреден за контролор на овој натпревар.
Колото се затвара на 13 мај со натпреварот меѓу Кочани и Речица, кој ќе започне во 15 часот, а каде главен судија ќе биде Игор Иванов, а негови помошници ќе бидат Снежана Илиевска и Радмила Неркова.
Контролор ќе биде Марјан Петров.