Денес со три натпревари ќе се комплетира 31. коло на Првата македонска фудбалска лига, а за истите натпревари познати се и судиите.
Дербито за опстанок во Струмица меѓу Брера и Работнички ќе го суди Крумислав Ѓоргиев, а негови помошници ќе бидат Ристо Ѓорѓиев и Бојан Ивановски, а пак Димитар Пилешков ќе биде четврт судија.
Во ВАР собата ќе бидат Благојче Ралевски и Владимир Митревски, а пак оператор за повторување на снимката ќе биде Матеј Димитриевски.
За делегат е одреден Тони Николовски, а за контролор Марјан Кировски.
Арсими на домашен терен ќе игра дерби за директен опстанок со Башкими, каде Бењамин Ќерими ќе биде задолжен за правдата како главен судија, а ќе му асистираат Дарко Видиниќ и Даниел Василевски, а пак Марјан Дејаноски ќе биде четврт судија.
ВАР судија ќе биде Никола Костенчев, а АВАР ќе биде Мартин Дејаноски, а пак оператор за повторување на снимката ќе биде Виктор Васев.
Делегат ќе биде Благојче Тодоровски, а контролор Јосип Бартон.
Македонија ЃП исто така игра дерби за опстанок против Тиквеш на домашен терен, а Пларент Салихи ќе биде главен делител на правдата на овој меч.
Помошници ќе бидат Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески, а пак Фуркан Идризи ќе биде четврт судија.
Во ВАР собата ќе бидат Александар Урошевиќ и Гоце Петрески, а пак оператор за повторување на снимката ќе биде Диме Димовски.
Делегат на овој натпревар ќе биде Харун Исмаили, а контролор Никола Караколев.