Кошарка

Струмица 2001 се врати меѓу елитата – Бутел падна во „мајсторката“ за суперлигашка промоција!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



КК Струмица 2001 е нов член на македонската Супер лига, откако струмичани во решавачкиот трет натпревар од финалната серија ја совладаа екипата на КК Бутел со 81:76 и со вкупни 2-1 во победи ја освоија шампионската титула во Првата македонска лига.

Во салата „Никола Карев“ домашниот состав одигра сигурен и зрело контролиран натпревар, во кој водството беше на нивна страна во текот на сите 40 минути. Струмичани уште во првата четвртина создадоа предност од 22:19, а до полувремето дополнително ја зголемија позитивата на 45:38.

Ниту по паузата Бутел не успеа резултатски да се врати во игра. Струмица 2001 продолжи со добрата реализација, стигна и до двоцифрена предност, а по три четвртини имаше сигурни 69:60.

Гостите во последниот период се обидоа да внесат неизвесност, но домашниот тим не дозволи пресврт и заслужено стигна до победата која носи промоција во елитното друштво за сезоната 2026/27.

Најголем херој во редовите на струмичани беше Димитар Пандев, кој блескаше во најважниот меч од сезоната и постигна 30 поени. Значајна поддршка имаше од Александровски со 17 и Јовановиќ со 11 поени.

Кај Бутел, капитенот Мартиноски реализираше 15 поени, Андоновски додаде 12, додека искусниот Јанески сезоната ја заврши со 10 поени.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Струмица 2001 се врати меѓу елитата – Бутел падна во „мајсторката“ за суперлигашка промоција!

КК Струмица 2001 е нов член на македонската Супер лига, откако струмичани во решавачкиот трет натпревар од финалната серија ја совладаа екипата на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачкоска главна во Битола, Вјолца Изеири ќе им суди на Истатов и Ас Јунајтед

Денес ќе бидат одиграни четири натпревари од 24. коло на Првата женска фудбалска лига, а оваа рунда ќе биде затворена дури во среда...

Поврзани написи
Кошарка

Кошаркарските таленти овој викенд во „Градски парк“

Младите кошаркари до 12 години ќе бидат првите кои ќе го комплетираат...

Кошарка

Нова финална драма во Скопје: Бадел 1862 ќе брка „мајсторка“, Крива Паланка нова шанса за историска титула

Финалната серија во женскиот кошаркарски шампионат продолжува со нова возбудлива битка меѓу...

Кошарка

Струмица 2001 или Бутел? Во „Никола Карев“ ќе падне одлуката за шампионот и патникот во Супер лигата

Кој ќе обезбеди место во елитната конкуренција – Струмица 2001 или Бутел?...

Кошарка

МВП Скопје, Струга 2009, Петровски и Бадел 1862 во битка за трофејот во М14 женската лига

Финалниот турнир во М14 лигата-жени, ќе се игра овој викенд, во малата...