Прва лигаФудбал

ФК Вардар брка титула, Шкендија нема право на грешка

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Домашниот шампионат полека влегува во самиот финиш, а денеска на програмата е 31. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Лидерот ФК Вардар попладнево на Националната арена го пречекува Силекс и ќе има прва можност математички да ја обезбеди шампионската титула.

За тоа да се случи, на „црвено-црните“ им е потребна победа, но и кикс на Шкендија која во истиот термин од 16:00 часот на домашен терен ќе се соочи со Струга Трим Лум.

Постојат и други сценарија кои можат да му ја донесат титулата на Вардар уште денеска. Доколку скопскиот тим одигра нерешено, а Струга ТЛ слави во Тетово, тогаш и во таков расплет Вардар ќе стане нов шампион.

Сепак, во таборот на лидерот не сакаат премногу да се занимаваат со пресметки и комбинации. Фокусот на избраниците на Гоце Седлоски е насочен кон уште едно квалитетно издание и освојување на нови три бода. Дали тие ќе бидат доволни за титула уште овој викенд или шампионската трка ќе продолжи и во следните кола, останува да се види.

Вардар се наоѓа во одлична форма, со четири последователни победи во првенството и серија од шест натпревари без пораз. Во моментов има шест бодови предност пред Шкендија, но борбата за шампионскиот трофеј се уште не е целосно решена. Евентуален кикс денеска би можел дополнително да ја зголеми неизвесноста пред завршните две кола, кога Вардар најпрво ќе гостува кај Струга ТЛ, а потоа во последното коло ќе ја пречека Шкендија на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Градоначалникот Кирил Пецаков се сретна со претседателот на Веспрем и го покани унгарскиот гигант на турнирот во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за време на својата посета на Веспрем оствари средба со претседателот на европскиот ракометен великан РК Веспрем, Чаба...

Прва лигаФудбал

Кока: Не очекува тешко гостување во Битола, но ние сме мотивирани и очекуваме добар натпревар

Екипата на Шкупи веќе почнува да ги прави плановите за настап во Втората лига, но до крајот на сезоната во елитата, чаирчани сакаат максимално...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Кока: Не очекува тешко гостување во Битола, но ние сме мотивирани и очекуваме добар натпревар

Екипата на Шкупи веќе почнува да ги прави плановите за настап во Втората...

Прва лигаФудбал

Капитенот на Струга Трим Лум верува во позитивен резултат против Шкендија

Струга Трим Лум се уште верува во можноста да стигне до втората...

Прва лигаФудбал

Мирчевски: Преку Купот сакаме да обезбедиме Европа, а денес одиме по три бода

Силекс со пласманот во финалето на Купот ја исполни својата главна цел...