Прва лигаФудбал

Вардар на чекор до титулата, Шкендија остана во игра, Пелистер со „седумка“ против Шкупи

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

31. коло во Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања во трката за титулата и битката за опстанок, а најголем добитник е Вардар, кој по победата над Силекс се доближи на само еден бод од шампионскиот пехар.

„Црвено-црните“ на домашен терен славеа со 2:1 против кратовци и направија огромен чекор кон враќање на тронот. Вардар експресно поведе преку Стефан Цветковиќ уште во третата минута, а Горан Закариќ од пенал во 15. минута зголеми на 2:0. Силекс успеа да намали преку Бутуровиќ на стартот од второто полувреме, но домашниот тим ја зачува предноста и стигна до многу важни три бода.

Шкендија, пак, не се откажува од шампионската трка и со победата од 3:1 над Струга Трим Лум ги задржа минималните шанси за титулата. Тетовчани поведоа со пенал на Ендрит Красниќи, стружани израмнија преку Стефан Јевтовски, но Ислами и Мазари донесоа сигурен триумф за домашниот состав. На две кола до крајот, Шкендија останува на шест бодови зад лидерот Вардар.

Во Битола, Пелистер одигра фантастичен натпревар и со убедливи 7:0 го декласираше Шкупи во директната битка за опстанок. Најрасположен беше Филип Петровиќ, кој постигна хет-трик, додека два гола додаде Петар Петковски.

Во листата на стрелците се запишаа и Јован Мрмачовски и Михајло Петровиќ.

Со овие резултати, Вардар е на прагот на титулата, Шкендија сè уште се надева, а Пелистер направи огромен чекор кон обезбедување прволигашки статус.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар на чекор до титулата, Шкендија остана во игра, Пелистер со „седумка“ против Шкупи

31. коло во Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања во трката за титулата и битката за опстанок, а најголем добитник е Вардар,...

ФудбалЧетврта лига

Дерби пресметка во Балдовци: Интер Кукла на мегдан со Спартмани, Слога Злеово и Огражден чекаат кикс на лидерот

Утре ќе се одиграат натпреварите од 11. коло во Општинската фудбалска лига во Струмица, а вниманието на фудбалската јавност ќе биде насочено кон...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Кока: Не очекува тешко гостување во Битола, но ние сме мотивирани и очекуваме добар натпревар

Екипата на Шкупи веќе почнува да ги прави плановите за настап во Втората...

Прва лигаФудбал

ФК Вардар брка титула, Шкендија нема право на грешка

Домашниот шампионат полека влегува во самиот финиш, а денеска на програмата е...

Прва лигаФудбал

Капитенот на Струга Трим Лум верува во позитивен резултат против Шкендија

Струга Трим Лум се уште верува во можноста да стигне до втората...