Македонскиот интернационалец Дин Аломеровиќ и официјално ја продолжи соработката со УТА Арад, откако романскиот прволигаш објави дека новиот договор на левиот бек важи до 2028 година.
Аломеровиќ во Арад пристигна пред почетокот на актуелната сезона и за кратко време се етаблираше како еден од најстандардните и најзначајни играчи во тимот.
Македонецот сезонава забележа 35 настапи во романската Суперлига и Купот на Романија, при што постигна три гола и додаде четири асистенции.

Од клубот потенцираа дека со своите партии на теренот, големата посветеност и односот со навивачите, Аломеровиќ заслужил важно место во тимот на „старата дама“.
„Се чувствувам одлично и многу сум среќен што ќе ја продолжам кариерата тука, во УТА. Арад е посебен! Ако треба да ја опишам УТА со три збора, тоа би биле: емоција, големо срце и победнички дух“, изјави Дин Аломеровиќ по потпишувањето на новиот договор.
Раководството на УТА Арад изрази задоволство што соработката со македонскиот дефанзивец продолжува и во следните години, а новиот договор Аломеровиќ го потпиша во присуство на својот менаџер Денис Омерагиќ.

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Ракометарите на Охрид испишаа историја во 8. коло од плеј-офот, откако за првпат го совладаа Вардар со 26-24 и направија голем чекор кон...
Ракометарите на ГРК Охрид приредија големо изненадување во плеј-офот од македонската Суперлига, откако на домашен терен славеа против шампионот РК Вардар 1961 со...
31. коло во Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања во трката...
Утре ќе се одиграат натпреварите од 11. коло во Општинската фудбалска лига...
Екипата на Шкупи веќе почнува да ги прави плановите за настап во Втората...
Домашниот шампионат полека влегува во самиот финиш, а денеска на програмата е...