Мечевите од 24. коло на Трета лига – Југ беа одиграни денес. Млекар на домашен терен играше против некогашниот второлигаш Росоман и убедливо го доби со 7:0.
Двојни стрелци во лото победата за домаќинот беа Александар Колчаковски и Филип Трајкоски, по еден гол постигнаа Петар Радиновац, Виктор Јованоски и Кире Димоски.
Бучин се соочи со Влазними Јуниор и загуби со 1:6. Глушески во 4. минута му донесе предност на домаќинот, а потоа гостинот преку двата гола на Усеиноски и Ибраими, како и головите на Велиоски и Лимани ги постави конечните 1:6.
Во Кривогаштани се играше мечот меѓу Младост и Тополка, кој заврши со триумф за домаќинот од 3:0. Чавкоски и Бунески погодија во првиот дел, а во вториот дел Димоски.
Венец од Долни Дисан загуби на гостува во Крушево од Питу Гули, а исходот од оваа средба беше 3:2. Неделков погоди во 11. минута за водство на гостинот, а потоа домашниот тим преку Бубаќоски, Велевски и Андреески постигна гол за 3:1. Во финишот на првиот дел Илов ги постави конечните 3:2.
Превалец на домашен терен се соочи со Ултрас и забележа победа од 2:0 со погодоците на Јордановски и Станковски.
Во рамки на оваа коло слободни беа екипите на Борец кој е шампион и Башкими од Јаболчиште. Слободниот викенд лидерот Борец го искористи да одигра пријателски меч во Свети Николе против Овче Поле.