Трета лигаФудбал

Влазними убедливо ја доби Могила и стана шампион во Трета лига – Југозапад, Темур Емини постигна четири гола за триумф на Кравари

Сподели
Сподели

Во рамки на денешното 16. коло на Третата македонска фудбалска лига – Југозапад се одигра дербито за првото место меѓу лидерот Влазними и второпласираната Могила во Струга, а пресметката донесе победа од 3:0 за стружани.

Самед Кадриоски во 29. минута погоди за отварање на резултатот, а веќе во 35. минута искусниот Алтин Лога погоди за двојна предност на полувреме.

Во вториот дел сите дилеми беа решени во 80. минута кога Пајазит Салиу постигна гол за конечни 3:0.

Демир Хисар пред својата публика го играше мечот со Кораб кој заврши без победник (4:4). Стевановски беше двоен стрелец за домаќинот, а по еден гол постигнаа Дамчевски и Китановски, за гостинот стрелаа Иса, Мерсовски и Клобучишта, а пак Талевски си постигна автогол.

Кравари со убедливи 4:1 го доби Напредок од Ношпал, во меч каде Темур Емини постигна четири гола, а пак за гостинот единствен стрелец беше Александар Христовски.



Во Мешеишта се играше дерби меѓу Славеј и Света Троица од Охрид кое заврши со осум гола, без победник за делба на бодовите (4:4).

За домашниот тим стрелци беа Даниел Митрески, Марио Крстески, Никола Секулоски и Антонио Ќитаноски, а пак за гостинот двоен стрелец беше Данил Џајкоски, а по еден гол постигнаа Никола Угриноски и Димитар Кочески.

Инаку, тимот на Славеј во 89. минута се спаси од пораз кога погоди Ќитаноски.

Влазними е лидер на табелата со 34 бодови, втор е составот на Могила со 28 бодови, па веќе е јасно оти тимот од Струга е шампион.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!