ФудбалЧетврта лига

Само реми за Спартмани, Интер Кукла убедлив во Радово, реми на Слога и Огражден во Злеово

Сподели
Сподели

Екипата на Спартмани никако да погоди, откако денес во Балдовци ремизираше играјќи 2:2 против Дрвош за делба на бодовите, а во рамки на 10. коло на Општинската фудбалска лига.

Во радовишко Злеово немаше победник откако Слога и Огражден ги поделија бодовите меч со два погодоци (1:1).

Лидерот Интер Кукла немаше проблеми на гостување во Радово каде со 1:3 го доби составот на Напредок.

Ефикасен меч се одигра во Пиперово каде Илинден со 3:4 го доби домаќинот Единство.

Интер Кукла останува на врвот со 23 бодови и ја зголеми предноста на плус четири во однос на Огражден кој е втор со 19 бодови, а пак Слога е трет со 18 бодови.

Спартмани е четврт и има 17 бодови, а пак Илинден од Добрејци е петти со 16 бодови, додека пак Дрвош е шести со 14 бодови. На долниот дел нема промени Единство е претпоследен со три бодови, а пак Напредок е на дното со ист број на бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!