Трета лигаФудбал

Беса Сарај го доби лидерот Еуромилк ГЛ, пораз за БВК Коњаре и Кадино

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ | АРХИВА
Сподели

Денес беа одиграни сите натпревари од 23. коло на Третата македонска фудбалска лига – Север, а во рамки на истото шампионот Еуромилк ГЛ на домашен терен се соочи со Беса од Сарај меч кој заврши со минимална победа за гостинот од 0:1.

Единствен стрелец на мечот беше Муртезан Незири кој постигна гол во 34. минута за освојување на трите бодови.

БВК Коњаре на домашен терен го пречека составот на Беса од Слупчане, а исходот од овој натпревар беше триумф за гостинскиот тим од 3:4. За домаќинот сите три гола ги постигна Гезим Бакиевски, а за гостинот двојни стрелци беа Шуајб Бајрами и Сунај Демири.

Ржаничино играше меч со Куманово кој немаше победник (2:2) за делба на бодовите. Лазев и Лекиќ погодија за домаќинот, за гостинот Анѓеловски и Симиќ.

Аеродром пред својата публика го одигра мечот со Пчиња, кој имаше исход од 2:2 односно делба на бодовите. За домашниот тим стрелци беа Јорадноски и Кажлевски, а за гостите погодија Пешовски и Топчиевски.

Во Доброшане се играше натпреварот меѓу Лопати и Студеничани, каде гостите кои беа фаворити и истата ја оправдаа со 0:4 Стрелци беа Кадри, Зекири, Ибраими и Кадриу стрелајќи во вториот дел.



Башкими Љуботен во Бутел се соочи со Фортуна и славеше со 2:1 за радост на домашната публика. Хамити и Арифи беа творци на победата, за гостинот гол постигна Мемети.

Отља на домашен терен играше против некогашниот второлигаш Кадино и успеа да слави со 2:0 преку головите на Реџепи и Абази.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!