Прва лигаФудбал

Брера ја освои Струга во трката за опстанок, Тиквеш со играч помалку стигна до бод против Арсими

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Возбудливи натпревари донесе најновото коло во домашниот шампионат, во кое Струга Трим Лум беше поразена на домашен терен од АП Брера, додека Тиквеш и Арсими ги поделија бодовите во Кавадарци.

Во Струга, домаќинот може да жали за пропуштените шанси. Тимот на Бледи Шкемби создаде најмалку шест стопроцентни прилики, но не успеа да ја затресе мрежата. Малески ја имаше првата голема можност по одлична акција со Илиевски и Радески, но шутираше крај голот. Следуваа обиди на Шабани, Зенделоски и Фал, но расположениот голман Диковски беше несовладлив.

Во второто полувреме темпото опадна, а клучниот момент се случи во 72. минута кога Хамза доби директен црвен картон, оставајќи ја Струга со играч помалку. И покрај тоа, домашните продолжија да напаѓаат и преку Бојку, Шабани, Илиевски и Малески се обидоа да стигнат до водство, но без успех. Казната стигна во 88. минута, кога Петровиќ со одличен продор ја проби одбраната и го совлада Ангелети за три бода на гостите.

Во Кавадарци, Тиквеш одигра храбро реми против Арсими (1-1), иако повеќе од 70 минути настапуваше со фудбалер помалку. Камара заработи директен црвен картон во 18. минута по ВАР интервенција, но и покрај тоа домаќините поведоа шест минути подоцна преку Бесир Рамадани, кој погоди со глава по слободен удар.

Арсими брзо возврати преку Гони по асистенција на Рамадани, а до крајот на првото полувреме Стојановски пропушти голема шанса, откако Сиљановски одлично интервенираше. Во вториот дел гостите го диктираа темпото, Велија ја погоди стативата, а Рамадани повторно се закани, но без реализација. Во завршницата Авдули се обиде од слободен удар, но резултатот остана непроменет.

Коло во кое пропуштените шанси скапо ја чинеа Струга, додека Тиквеш покажа карактер и извлече вреден бод со играч помалку.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

ИнтернационалциФудбал

Наташа Андонова има нов клуб – кариерата ја продолжува во Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова има нов клуб и кариерата ќе ја...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!