Ракомет

„Имавме среќа со пеналите“ – Стрмљан по драмата со Целје!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид избори историско финале во ЕХФ Европскиот куп, а значаен придонес во драматичната победа над Целје имаше Тилен Стрмљан, кој натпреварот го заврши со перфектен учинок од седум погодоци.

По натпреварот, во изјава за Спортска Мрежа, средниот бек на Охрид- Стрмљан истакна дека двомечот со Целје бил исклучително тежок и изедначен, при што нијанси решавале за победникот. Тој нагласи дека Охрид имал и доза на среќа во пенал-серијата, но упати пофалби за противникот, додавајќи дека тимот ќе се обиде максимално подготвен да влезе во финалето против фаворизираната Татабања.

„Двата натпревари од двомечот со Целје беа доста тешки и изедначени, така што навистина на крајот имавме среќа вечерва со пеналите. Им честитам на Целје, одлична екипа се, навистина одиграа два феноменални меча. Им посакувам многу среќа понатаму. Ние, имаме време до финалето, Татабања уште од почетокот на овој Куп е фаворит..немаме што да загубиме – со добра подготовка и давајќи го максимумот од себе, ќе се обидеме да победиме и во финалето.“- изјави Стрмљан за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид со голема самодоверба ќе го дочека финалниот двомеч со Татабања, со јасна цел – борба за европскиот трофеј.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!