По комплетирањето на ТОП 6 фазата, јасно е кои четири екипи ќе ја продолжат битката за шампионската титула во „МТЕЛ“ Супер лигата. Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ го дефинираше календарот за завршницата од сезоната, во која ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер и Маџари ќе се борат за трофејот.
Полуфиналето ќе се игра по систем „подобар од три натпревари“, со предност на домашен терен за подобро пласираните тимови од регуларниот дел. Во првата полуфинална серија ќе се соочат ТФТ и Маџари, додека во втората силите ќе ги одмерат МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.
Поради обврските на ТФТ во баражот за влез во АБА 1 лигата, направени се измени во календарот, па оваа серија ќе започне нешто порано. Првиот дуел меѓу ТФТ и Маџари ќе го означи стартот на плеј-офот, по што ќе следуваат реваншот и евентуалната мајсторка, доколку биде потребна.
Втората полуфинална пресметка меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе стартува неколку дена подоцна, со можност за трет решавачки натпревар на теренот на актуелниот шампион, кој има подобар пласман во регуларниот дел.
Големото финале ќе се игра по систем „подобар од пет натпревари“, што значи дека титулата ќе ја освои екипата која прва ќе стигне до три победи. Предноста на домашен терен и тука ќе ја има тимот со подобар учинок во текот на сезоната, што дополнително ја зголемува важноста на досегашниот пласман.
Со ваков распоред и систем на натпреварување, завршницата од „МТЕЛ“ Супер лигата ветува неизвесни пресметки, каде секоја грешка може да биде пресудна, а секој натпревар чекор поблиску до шампионската круна.
Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...
Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...
ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...
Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...
Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...
Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...