Ракомет

Татабања го чека ривалот – Охрид на чекор до европско финале!

Сподели
FOTO: MOL Tatabanya KC
Сподели

Татабања обезбеди пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, откако во драматичен двомеч го елиминираше Извиѓач.

Иако босанскиот претставник го доби првиот натпревар со 33-31, унгарскиот тим возврати на свој терен со победа од 37-34, што беше доволно за место во големото финале.

Натпреварот започна подобро за гостите, кои во првото полувреме имаа контрола и предност од 15-11. Сепак, Татабања постепено го фаќаше ритамот, ја намали негативата и со погодок во последните секунди пред паузата направи пресврт за водство од 20-19. Во редовите на победничкиот тим, македонскиот репрезентативец Филип Талески се запиша со еден погодок.

FOTO: MOL Tatabanya KC

Еден од клучните моменти се случи рано во натпреварот, кога Извиѓач остана без својот најрасположен играч Диано Ќешко, кој заработи директен црвен картон по остар прекршок.

Во продолжението, домашниот состав ја зголеми предноста на три гола (22-19), но Извиѓач повторно се врати и израмни на 26-26 по 40 минути игра.

Сепак, во завршницата Татабања беше поконцентрирана и ја искористи паднатата енергија кај противникот за да го потврди триумфот и пласманот во финалето.

Вториот финалист ќе биде познат утре, а надежите на македонската јавност се насочени кон Охрид. Финалните натпревари од ова натпреварување се закажани за 23/24 и 30/31 мај.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!