Ракомет

„На крилјата на навивачите да стигнеме до финалето!“ – порака од Иванковиќ пред битката со Целје

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид е на прагот на историски момент – натпревар што може да ја однесе екипата во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и да испише нова страница во клупската историја. По минималниот пораз на првиот дуел, сè е отворено, а пред домашна публика, мотивот и вербата се на највисоко ниво.

На денешната прес- конференција, левиот бек на Охрид- Анте Иванковиќ потенцира дека тимот е подготвен за овој предизвик, со добра атмосфера и јасна цел – победа која ќе значи пласман во финалето. Тој нагласува дека одбраната е силната страна на Охрид оваа сезона и дека токму таа може да биде клучна во решавачкиот меч, додека поддршката од трибините ќе има огромно значење.

„Имавме еден меч пред неколку дена, на кој одморавме дел од играчите, но и воигравме некои акции кои ќе ни служат за Целје. Енергијата во екипата е одлична, нè чека историски натпревар, кој едвај чекаме да започне и се надевам дека со атмосфера која му доликува на Охрид, на крилјата на навивачите ќе одиме во финалето. Добрата одбрана нè краси цела оваа сезона и мислам дека и утре ќе биде тоа случај, за да победиме и да го осигураме тоа што го сакаме. Салата е веќе распродадена, што значи дека ќе имаме навивачи во голем број и сакам да им порачам дека ова е натпревар за историјата, за градот и за клубот. Од првата минута треба да навиваат со срце за нас и да ни помогнат да ја оствариме целта“- изјави Иванковиќ.

ФОТО: ГРК Охрид

Со полни трибини и силна верба во сопствените можности, Охрид ќе влезе во мечот со една мисла – да ја искористи шансата и да направи чекор кон европското финале.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!