КупФудбалФутсал

Голем интерес за футсал финалето во Гевгелија: Проект и Кеги Моби пред спектакл за Куп трофејот

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели



Гевгелија вечерва ќе биде во знакот на футсалот, а интересот кај спортската јавност, навивачите и љубителите на овој спорт е огромен во пресрет на големото финале од Купот на Македонија. Со почеток од 20:30 часот, салата се очекува да биде исполнета до последно место, каде за трофејот ќе се борат екипите на Проект и Кеги Моби.

Тимот на Проект од Јосифово влегува во финалето како фаворит и без ниту еден пораз оваа сезона. Веќе ја обезбедија шампионската титула во Првата футсал лига и обезбедија настап во квалификациите за Лигата на шампионите, а сега атакуваат на двојна круна.

Импресивни се и бројките зад нив – 149 постигнати голови и само 32 примени, со максимален ефект од 17 победи, што доволно говори за нивната доминација сезонава.

Но, Кеги Моби не доаѓа со бело знаме. Велешани имаат свои амбиции и мотиви, а дополнителен ветер во грб ќе им даде и силната поддршка од трибините. Имено, од Велес организирано ќе пристигнат два автобуси навивачи, кои ќе бидат гласна поддршка во обидот за освојување на трофејот.

Кеги Моби сезонава бележи солиден учинок од 10 победи, две ремија и пет порази, со 73 постигнати и 61 примен гол, а борбата за вицешампионската позиција дополнително го крева нивниот мотив.

Иако меѓусебните дуели сезонава се на страната на Проект (6:3 и 6:2), финалето носи поинаква тежина. Во вакви натпревари фаворитската улога често паѓа во втор план, а желбата и борбеноста можат да бидат пресудни.



Сите предуслови се исполнети за вистински футсал спектакл – полни трибини, атмосфера на високо ниво и борба за трофејот. Останува да видиме кој ќе се радува на крајот и ќе го подигне Купот на Македонија.

Големото Куп финале во Гевгелија стартува во 20:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата, откако на домашен терен во салата „Парк“ го совладаа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!