Ракомет

Блажески блесна против Бутел: „Сите добивме шанса – дојдовме до важна победа!”

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Тимот на Охрид се врати на втората позиција на табелата во Супер лигата, откако вечерва славеше против Бутел Скопје со 31-26, на домашен терен.

Избраниците на Борис Ројевиќ настапија со комбиниран состав поради густиот распоред и европските обврски, но и покрај тоа успеаја да го скршат отпорот на мотивираниот противник. По израмнетото прво полувреме (16-16) и резултатот 18-18 на стартот од вториот дел, охриѓани во периодот од 40 до 50 минута направија клучна разлика за мирен финиш.

Во листата на стрелци се издвоија Ќосевски со девет и Кукуловски со шест погодоци, додека на голот блесна Бојан Блажески кој запиша 14 одбрани против својот поранешен клуб.

Веднаш по мечот, во изјава за Спортска Мрежа, токму Блажески, нагласи дека натпреварот бил можеби потежок од очекуваното, но потенцираше дека тимот сериозно пристапил и покрај ротациите, што на крај донело нови бодови.

„Најпрво, честитки за екипата на Бутел за фер и коректната игра. Денес, нашиот тренер беше принуден малку да прави ротации во екипата поради набиениот распоред во домашното првенство и во Европа, така што денес сите добивме шанса, за да ги одмориме првите играчи. Натпреварот беше можеби потежок од очекуваниот, но Бутел е една одлична, млада екипа, која не треба никогаш да се потцени, па така беше и денес..ние сериозно го сфативме овој меч и се изборивме за нови бодови во Супер Лигата.“- изјави Блажески за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со оваа победа, Охрид се израмни по бодови со Еурофарм Пелистер на втората позиција и продолжува во трката за врвот, додека добрата форма ќе биде дополнителен мотив пред следните европски предизвици.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!