Младински фудбалФудбал

(ВИДЕО) Мали фудбалери, големи луѓе: генерацијата 2013 на Детонит Плачковица пример за вистински вредности

Сподели
Сподели



Фудбалот не е само игра и резултат – тој е школа за живот. Токму тоа го покажаа младите фудбалери на ФК Детонит Плачковица (генерација 2013), предводени од тренерот Зоки Ристов – Роко, кои уште еднаш потврдија дека се пример како се гради не само спортист, туку и вистинска личност.

По одиграниот натпревар против Хоризонт Турново, младите надежи од Радовиш ја оставија соблекувалната во перфектна состојба – чиста и уредна, токму како што ја добиле. Гест кој можеби изгледа мал, но има огромна тежина кога станува збор за воспитувањето, дисциплината и карактерот на младите фудбалери.

Овој потег е само уште една потврда за едукативниот пристап во клубот, каде од најрана возраст децата се учат на вистински вредности – почит, одговорност, ред и хигиена. Освен што се развиваат како фудбалери, тие се градат и како личности, што е најголемата победа за секој спортски колектив.

ФК Детонит Плачковица веќе подолго време важи за позитивен пример кога станува збор за работа со млади категории, а ваквите постапки само го зацврстуваат тој имиџ. Овие деца се доказ дека иднината на македонскиот фудбал е во сигурни раце – не само поради талентот, туку и поради вредностите што ги носат со себе.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!