РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија (У18) ќе одигра натпревар против Србија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекцијата до 18 години ќе има уште еден контролен натпревар и на 30 овој месец ја очекува соочување против репрезентацијата на Србија што ќе се одигра во Стара Пазова.

Предводникот на националниот тим Димитар Капинковски за овој дуел ќе смета на 19 играчи кои настапуваат во домашниот шампионат.

Мечот против Србија ќе биде уште една проверка на можности на овој состав кој веќе од септември влегува во натпреварувачкиот систем на УЕФА и се вклучува во квалификациите за фудбалери до 19 години.

Селекторот Капинковски не можеше да смета на сите играчи, дел од нив поради обврски кон клубовите нема да бидат дел од составот што ќе замине за Стара Пазова.

  • СПИСОК НА ФУДБАЛЕРИ

ГОЛМАНИ: Александар Трајков (АП Брера), Антони Трајковски (Вардар)

ОДБРАНА: Стефан Секирски (Новаци), Виктор Мачовски (АП Брера), Андреј Димовски (АП Брера), Цека Назиф (Шкендија), Стефан Јорданоски (Вардар), Стефан Стаматоски (Вардар).

СРЕДЕН РЕД: Славчо Мисајловски (Тетекс), Јован Мрмачовски (Пелистер), Бојан Велков (АП Брера), Давид Ангелески (Пелистер), Флори Иљази (Шкендија), Габриел Талески (АП Брера)

НАПАД: Иво Марковски (Вардар), Дамјан Буцевски (Македонија ЃП), Матеј Сејменов (АП Брера), Иван Танчев (АП Брера), Мартин Џангаровски (Македонија ЃП)

Собирот е закажан за в среда по што екипата ќе патува за Србија, а натпреварот кој е на програмата на 30 април почнува во 12 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!