Прва лигаФудбал

Искусниот стратег Раде Цицмиловиќ од Гевгелија се закити со УЕФА ПРО лиценца

Сподели
Сподели



Македонскиот фудбал доби уште едно значајно тренерско име со највисока европска квалификација. Искусниот стратег од Гевгелија, Раде Цицмиловиќ (47), официјално се стекна со престижната УЕФА ПРО лиценца, потврдувајќи го својот квалитет и долгогодишна посветеност на фудбалската игра.

Цицмиловиќ зад себе има богата и респектабилна тренерска кариера, во која работеше во неколку значајни македонски клубови како Беласица, Тиквеш и Воска Спорт. Карактеристично за неговата работа е тоа што секогаш создава конкурентни тимови кои атакуваат на самиот врв, со јасна играчка филозофија, дисциплина и препознатлив стил.

Еден од најголемите успеси во неговата кариера доаѓа во сезоната 2017/2018, кога со Беласица испиша шампионска приказна во Втората лига – Исток. Под негово водство, струмичани доминираа во текот на целата сезона и сосема заслужено го освоија првото место, оставајќи ги зад себе Борец, Брегалница, Кожуф и Тиквеш, со што обезбедија пласман во Првата лига.

Следната сезона Цицмиловиќ повторно покажа дека знае да состави силен и компактeн тим. Беласица блескаше на подготовките и најавуваше сериозна улога во елитата, но во еден неочекуван потег, стратегот се повлече од кормилото. Сепак, неговата приказна со клубот не заврши тука – во јануари 2019 година се врати на тренерската позиција и повторно застана на чело на тимот.

Сериозен печат остави и во Воска Спорт, каде режираше уште една успешна сезона. Во исклучително силната Втора лига – Запад, каде конкуренцијата беше на највисоко ниво со екипи како Силекс, Вардар, Гостивар, Тетекс, Беса и Охрид, неговиот тим заврши на второто место и избори бараж за влез во Првата лига. Тоа беше сезона во која секој бод имаше тежина, а Цицмиловиќ повторно покажа дека знае како да извлече максимум од својот состав.



Неговото тренерско портфолио е пример за континуитет, амбиција и резултати, а стекнувањето на УЕФА ПРО лиценцата е само логичен чекор напред во кариерата на еден од најценетите македонски фудбалски стратези.

Дополнително треба да се истакне фактот што преку Цицмоловиќ македонскиот фудбал има добиено многу фудбалери кои дале многу и направиле кариери.

Со ова признание, Цицмиловиќ отвора ново поглавје и добива можност за уште поголеми предизвици, како на домашната, така и на меѓународната сцена.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!