РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Сподели
Сподели

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации, а Гоце Седлоски го одреди составот со кој ќе се обиде да дојде до првите бодови и првиот гол во новото издание од оваа натпреварување.

Во однос на претходниот дуел со Шкотска има неколку промени. Во стартните 11 се враќа Езѓан Алиоски, кој ќе ја покрива левата бековска позиција, додека Елмас овојпат ќе делува во поцентрална офанзивна улога.

Седлоски се одлучи за формација 4-2-3-1, со Растодер како најистурен во нападот. Зад него ќе бидат Елмас, Барди и Дориев, додека во средниот ред ќе играат Елези и Митровски.

Поддржете ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогнете ни да продолжиме да го промовираме македонскиот спорт

Последната линија ја сочинуваат Стојчевски, Зајков, Муслиу и Алиоски, а на голот повторно ќе биде Столе Димитриевски.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Стојчевски, Зајков, Муслиу, Алиоски, Елези, Митровски, Елмас, Барди, Дориев, Растодер.

Од другата страна, Швајцарија на домашен терен влегува со максимален учинок, со три победи од исто толку натпревари.

ШВАЈЦАРИЈА: Мвого, Бритчги, Елведи, Аканџи, Родригеш, Фројлер, Сиеро, Соу, Ридер, Амдуни, Ндоје.

Натпреварот во Луцерн започнува во 20:45 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Македонските судијки Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиески ќе делат правда на дуелот Арсенал – Бенфика во женската Лига на шампионите

Ивана Пројковска ќе биде главен судија, а Елена Соклевска – Илиески прв асистент на натпреварот меѓу Арсенал и Бенфика во женската Лига на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 15 години ја совлада и Малта на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години оствари победа од 3:1...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!