Екипата на Бутел направи голем чекор кон елитата, откако со победа од 83:86 на гостувањето кај Соколи 1933 во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, обезбеди пласман во финалето од доигрувањето за влез во Супер лигата.
Во решавачкиот трет натпревар од серијата, кошаркарите на Бутел уште еднаш покажаа карактер и квалитет, славејќи по вторпат во рок од една недела против подобро рангираниот противник. Интересно, во целата серија ниту еден тим не ја искористи предноста на домашниот терен.
Финишот донесе вистинска драма. При резултат 83:84, одговорноста ја презеде младиот Андоновски, кој на неколку секунди пред крајот реализираше за конечни 83:86 и големо славје на гостите. Соколи имаа можност да изборат продолжение, но искусниот Караколев не успеа да погоди во клучниот момент.
Успехот на Бутел добива на тежина ако се знае дека тимот настапи ослабен, без двајца стартери – Киров и Атанасов. Сепак, искусниот Хот блескаше со 27 поени, Јанески додаде 15, капитенот Мартиноски постигна 13, додека херојот Андоновски го заврши мечот со 14 поени.
Кај домашниот состав, Митевски беше најефикасен со 15 поени, додека Караколев и Костадинов запишаа по 14, Хамилтон реализираше 12, а Тодоровски 10 поени.
Во финалната серија, која ќе го даде новиот член на Супер лигата, Бутел ќе се соочи со Струмица 2001, која претходно со 2-0 во серијата го елиминираше Борец баскет.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
Младинскиот тим на Брера Струмица е подготвен за нов европски предизвик! Струмичани денеска го одработија последниот тренинг на стадионот „Истатов“ пред утрешниот реванш...
Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Косово во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации....
Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на...
Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти...
ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...
Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...