Младиот македонски тенисер и репрезентативец Кристијан Јанев блесна на турнирот Ј30 во албанскиот град Скадар, освојувајќи го трофејот во сингл конкуренција. Како прв носител, Јанев ја потврди фаворитската улога и без загубен сет стигна до титулата.
Во финалниот меч беше подобар од црногорскиот тенисер Лука Лукавац, славејќи со 2-0 во сетови (6:3, 6:4).
Покрај сингл трофејот, Јанев играше и финале во двојки заедно со Ерион Незири, но таму мораа да се задоволат со второто место. Во решавачкиот натпревар беа поразени од тандемот Вацлав Барина / Лука Лукавац со 2-1 во сетови (6:4, 2:6, 10-6).
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...
По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...
Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...
Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...
Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...
Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во...