Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера пресилна, реми на Саса и Истатов, Скопје го декласираше Кочани

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Тиверија Брера ја однесе најубедливата победа во 22. коло на Првата женска фудбалска лига, совладувајќи го Топ Гол во Битола со 1:9.

Теона Галабовска постигна хет-трик за струмичкиот тим, додека пак Билјана Панеска постигна два гола, а по еден гол во мрежата на Топ Гол постигнаа Данче Карпузовска која го отвори резултатот, Стефанија Божиновска, Павлинка Николовска и Ане Бошеска.

За домашниот тим единствен стрелец во 42. минута беше Мила Коњановска.

Единствениот меч кој заврши без погодоци беше тој меѓу Речица и Вардар, кој ги поделија бодовите играјќи 0:0.

Лидерот и нов шампион Скопје со убедливи 1:6 го декласираше Кочани на гостински терен. Во високата и убедлива победа Мила Панева беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Ана Боризоска, Рабија Дервиши, Емилија Ивковиќ и Кристина Крстева. Сара Коларовска си постигна автогол.

Дербито на колото во Македонска Каменица заврши без победник, откако Каменица Саса и Истатов ги поделија бодовите играјќи 2:2 во возбудлив и атрактивен меч.

Андреа Коловска по само пет минути игра во малото рударско гратче го отвори резултатот за водство од 0:1, а до крајот на првиот дел „рударките“ направија комплетен пресврт.

Во 23. минута најдобриот стрелец во шампионатот Ана Димитровска погоди за 1:1, а само три минути подоцна Јована Петрушовска беше прецизна за 2:1 и водство на Саса.

Во вториот дел Елма Шемсовиќ во 52. минута успеа да постигна погодок и да ги постави конечните 2:2 за делба на бодовите.

Љуботен на домашен терен со 4:2 славеше триумф над струшки Ас Јунајтед. Улза Максути постигна два погодоци во мрежата на својот поранешен клуб, а по еден гол имаа Хава Мустафа и Елена Симјанова.

За гостинот од Струга стрелец на двата гола беше Оливера Цоклеска.



На врвот е Скопје со 63 бодови, втор е тимот на Тиверија Брера со 48 бодови, а Љуботен изби на третото место со 46 бодови. Бод помалку има Истатов кој е четврти.

На петтото место е Каменица Саса која има 37 бодови, Ас Јунајтед шести со 34 бодови. Вардар е седми со 16 бодови, а Речица е осма со 12 бодови.

На претпоследното место или во бараж зоната за опстанок е Кочани кој има седум бодови, а на дното е Топ Гол со четири бодови и се обидува да дојде до деветтото место и преку бараж да се избори за опстанок.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!