РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската У19 репрезентација на Македонија го доби вториот дуел со Косово, Галабовска и Грозданова стрелци на головите

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Косово во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации.

Избраничките на селекторот Кирил Изов одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во петтата минута со голот на Меланија Грозданова. Сепак, Косово успеа да се врати во игра, откако Олса Мачастена во 42. минута погоди за израмнување на 1:1, резултат со кој се замина на паузата.

Во второто полувреме, македонските фудбалерки повторно ја презедоа предноста. Во 56. минута Теона Галабовска ја затресе противничката мрежа за водство од 2:1. Конечниот резултат го постави Меланија Грозданова, која со својот втор погодок на натпреварот во 89. минута ја потврди победата на Македонија од 3:1.

На првиот контролен дуел, кој се одигра во Приштина, двете селекции ремизираа со 1:1. Стрелец на единствениот гол за Македонија на тој натпревар беше Јована Каралиоска.

Со победата на вториот натпревар, младата женска репрезентација на Македонија до 19 години ја заврши контролната серија против Косово со позитивен резултат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија ги дозна противниците во Лигата на нации, Андов: Верувам во потенцијалот на оваа генерација!

Женската А фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во новото издание...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Шкотска и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги одигра последните два натпревари од групната фаза...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во...

Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!