Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на Струга Трим Лум, откако ги загуби претходните три меѓусебни пресметки во Првата македонска фудбалска лига.

Паузата поради репрезентативните настапи во Лигата на нации, кумановци ја искористија за подигнување на формата преку пријателски натпревари со косовските прволигаши Дрита (1-1) и Гнилане (0-3).

„Дуелите со Струга Трим Лум секогаш носат посебен мотив. По репрезентативната пауза се враќаме максимално подготвени и со зад себе вложен многу труд. Влегуваме во беспоштедна борба за да ги освоиме трите бода во Куманово и да ги израдуваме нашите верни навивачи“, истакна меѓу другото Антонио Да Силва Санка.

Во пресрет на овој последен дуел од 9-тото коло, интересна е статистиката која открива дека Башкими не само што ги загуби сите три досегашни меѓусебни средби со стружани, туку сè уште нема постигнато ниту еден гол во нивната мрежа.

Натпреварот меѓу Башкими и Струга Трим Лум се игра денеска на Градскиот стадион во Куманово со почеток од 15:00 часот, а правдата ќе ја дели главниот судија Стојанче Стојанов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово со четири бода во две кола, тренерот порача: „Најдоброто допрва доаѓа!“

Победа над Брера Струмица и бод на гостувањето кај Македонија ЃП — Осогово врза два натпревара без пораз и освои четири бода, резултати...

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар не запираат, Вардар и Водно Санс ја минаа „стотката“, драма во Штип за победа на ИБА Скопје!

Четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе убедливи победи, резултатски пресврти и возбудливи натпревари во двете натпреварувачки групи. Феникс 2010 и Гостивар...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осогово со четири бода во две кола, тренерот порача: „Најдоброто допрва доаѓа!“

Победа над Брера Струмица и бод на гостувањето кај Македонија ЃП —...

ФудбалФутсал

Балкан убедливо го декласираше Кратово

Ланскиот прволигаш Балкан на домашен терен забележа убедлива победа совладувајќи го Кратово...

ФудбалФутсал

Историска победа за Шутка 1, пет гола за Армандо Алијевиќ, Победа декласирана со 14 погодоци!

Дебитантот Шутка 1 ја забележа првата историска победа во Втората футсал лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!