Фудбалскиот терен во Липково денес изгледа како вистинска спортска оаза, со зеленило во полн сјај и рамен терен кој овозможува одлични услови за игра.
На овој терен своите натпревари ги игра ФК Липково, член на Општинската фудбалска лига на Липково. Иако станува збор за најнизок ранг на натпреварување, односно четврта лига, посветеноста кон одржувањето на теренот е на високо ниво.
Клубот вложува максимален труд за секој натпревар да се одигра во најдобри можни услови, што е реткост дури и кај некои второлигаши. Теренот е добро одржуван, рамномерен и подготвен да понуди квалитетен фудбал, што остава силен впечаток кај сите присутни.


Овој пример од Липково треба да биде водилка и за многу клубови од повисоките рангови, каде што честопати условите се далеку полоши и не одговараат на нивото на натпреварување.

