Прва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ одлучи: Башкими казнет четири натпревари и 5.000 евра казна

Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да го казни ФК Башкими 1947 Куманово со забрана за играње на домашен терен во траење од четири натпревари, како и со парична казна од 5.000 евра.

Санкцијата следува поради слаба организација на натпреварот против ФК Струга Трим Лум, одигран во рамките на 28. коло од Првата МФЛ на 19 април 2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово. Дополнително, како причини се наведуваат присуство на неслужбени лица на теренот и во службените простории, како и физички напад врз претставници и фудбалери на гостинската екипа.

На истата седница, дисциплински мерки беа изречени и за членови на стручниот штаб на ФК Кожуф. Шефот на стручниот штаб, Иван Варадиновски, доби забрана за вршење на функцијата во траење од два натпревари, исто како и тренерот на голмани, Трајче Ников.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!