Во сабота во Гевгелија ќе се одигра натпреварот меѓу Кожуф и Шкендија Арачиново, меч од 26. коло на Втората лига.
Но, Кожуф за овој меч ќе има голем хендикеп, бидејќи на клупата нема да може да биде шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски, како и тренерот на голмани Трајче Ников, кои добија санкции забрана за вршење на функцијата во траење од два натпревари.
„На денешната седница беа изречени санкции и за Иван Варадиновски, шеф на стручниот штаб на ФК Кожуф, со забрана за вршење на функцијата во траење од два натпревари, како и за Трајче Ников, тренер на голмани на ФК Кожуф, исто така со забрана за вршење на функцијата во траење од два натпревари“, истакнаа од Дисциплинската комисија при ФФМ.