Ракомет

Македонија ЃП славеше во скопската пресметка и се зацврсти во средината на табелата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Македонија Ѓорче Петров забележа важна победа над Аеродром со 29:26 во рамки на 22. коло од Првата лига, во натпревар кој донесе неизвесност и борба до самиот финиш.

Гостите подобро го отворија мечот и на пауза имаа минимална предност (15:16), но во второто полувреме ѓорчепетровци одиграа поконцентрирано и успеаја да направат резултатски пресврт за нови бодови на своето конто.

Клучна улога во победата имаа Мартин Бучуковски со девет погодоци и Бојан Чакалич со осум, кои беа предводници во офанзивниот дел кај домашниот тим.

Со овој триумф, Македонија ЃП се наоѓа на петтата позиција со 27 бодови, додека Аеродром останува на осмото место со 18 освоени бодови. До крајот на сезоната остануваат уште четири кола, во кои ќе се решава конечниот пласман.

Во врвот на табелата ситуацијата е сè појасна – Мулти Есенс е на чекор до директен пласман во Супер лигата, додека Младост Богданци е во позиција да обезбеди бараж за враќање меѓу елитата.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!