Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Сподели
Сподели

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа 34:34 на воведниот меч од 7. коло на Првата ракометна лига.

Мечот започна израмнето, а првата посериозна разлика гостинот ја направи кога имаше предност од 8:12 односно плус четири, а на полувреме Македонија ЃП замина со предност од 16:19.

Во вториот дел таа предност ја одржуваше тимот на Македонија ЃП до 47. минута кога Драчево Јуниор израмни на 26:26, а потоа мечот влезе во вистинска драматична завршница.

Домаќинот имаше и плус два при 29:27, како и при 30:28, а на две минути до крајот 32:32.

Домашниот тим прек гол на Александар Стојменов имаше гол предност 33:32 на минута и пол до крајот, но Михаил Тотиќ израмни на 33:33.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни

Во следниот напад кој го организираше домашниот тим Теодор Пецаноски постигна гол за 34:33 постигна во 59:01 минута, а само девет секунди подоцна Бојан Чакалиќ беше прецизен за 34:34.

Драчево Јуниор повика тајм-аут, но потоа не успеа да реализира и исходот беше делба на бодовите.



Теодор Пецаноски беше прв стрелец со седум гола кај Драчево Јуниор, кај Македонија ЃП се истакна Бојан Чакалиќ со 13 гола.

Вардар Неготино немаше никакви проблеми и го декласираше Шампион со резултат од 12:42.

Ѓорѓи Орешков со осум гола беше прво име кај Вардар Неготино, а го следеше Костадин Петров со седум гола, кај поразениот тим со по три гола се истакнаа Давид Јовчевски и Андреј Лефтеров.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!