Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на првиот натпревар во СЦ „Билјанини Извори“. „Гладијаторите“ направија значителна предност, но во таборот на македонскиот претставник се свесни дека задачата сè уште не е завршена.

Тилен Стрмљан смета дека Охрид го покажал својот квалитет во првата пресметка, иако имало и одредени грешки во играта. Сепак, ракометарот нагласува дека тимот мора да остане максимално сконцентриран и на реваншот, без потценување на противникот, кој покажа дека располага со квалитет.

„Се подготвивме за натпреварот како и за секој друг. Дадовме 100%. Имаше неколку грешки, но на крајот дојде до израз нашиот квалитет и мислам дека добро го одигравме првиот натпревар. Сега утре мораме повторно да пристапиме на истиот начин, уште од самиот почеток, бидејќи тие се добра екипа и не смееме да ги потцениме. Денеска видовме дека знаат да играат, така што утре повторно мораме да бидеме на 100% за да се пласираме во следното коло.“- изјави Стрмљан за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид ќе има можност да ја потврди предноста и да го завери пласманот во следната рунда пред своите навивачи. Реваншот против Спор Тото е закажан за утревечер од 18:30 часот во СЦ „Билјанини Извори“, а Стрмљан и соиграчите најавуваат дека повторно ќе влезат со максимален ангажман.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!