Ракомет

Савревски: „Бевме толку блиску – но одиме понатаму!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Вардар го освоија Купот на Македонија, откако во драматично финале во Струмица го совладаа Охрид со 24-23 и стигнаа до 18. трофеј во ова натпреварување. Охриѓани беа на чекор до сензација во историската сезона, но во неизвесен финиш останаа без посакуваниот трофеј.

ФОТО: РФМ

Десниот бек на Охрид, Давид Савревски, во изјава за Спортска Мрежа истакна дека пропуштените шанси и грешките во клучните моменти биле пресудни за исходот, и покрај големата борба на неговиот тим.

„Честитки до екипата на Вардар за освоениот Куп. Имавме многу грешки и промашени зицери во клучни моменти на крајот и мислам дека тоа го одлучи натпреварот. Навистина штета што не го освоивме Купот во оваа историска сезона за нас, бевме толку блиску, но тоа е.. одиме понатаму и нема време за жалење- за 6 дена играме полуфинале во ЕХФ Купот и се надевам на успех.”- изјави Савревски за Спортска Мрежа.

ФОТО: РФМ

И покрај поразот, Охрид одигра храбро финале и покажа дека може рамноправно да се носи со најсилните, а фокусот и мислите веќе се насочени кон новиот предизвик – полуфиналето во ЕХФ Купот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!