Останато

Дарио Ивановски блесна во Белград: второ место и врвно време на маратонот во Белград

Сподели
ФОТО: МОК
Сподели

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжува да испишува значајни резултати на меѓународната сцена, откако на вчерашниот маратон во Белград го освои одличното второ место.

Ивановски ја истрча трката со време од 2:09:35, што претставува негово второ најдобро остварување во кариерата. Со овој резултат, тој уште еднаш потврди дека е во врвна форма и дека припаѓа меѓу најдобрите маратонци во регионот.

Победата на маратонот му припадна на етиопскиот атлетичар Гемсиса Гада, кој триумфираше со време од 2:08:08, поставувајќи нов рекорд на патеката.

Овој успех за Ивановски е уште една потврда за неговиот континуиран напредок и посветеност, а воедно претставува и голем мотив за неговите следни настапи на меѓународните натпреварувања.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ташовски: Нашата цел е победа против Кипар, со полна сала заедно ќе можеме до позитивен резултат

Машката сениорска репрезентација на Македонија во четврток од 18:00 часот ја очекува пресметката со Кипар, втор натпревар во рамките на вториот циклус од...

Младински фудбалФудбал

ФК АП Брера и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книга посветена на развојот на талентираните деца

Фудбалските клубови АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книгата „Прирачник за родители на надарените и талентираните“, од академик, проф....

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Шаховска сензација во Македонска Каменица: Четири деца од семејството Бурнс станаа државни шампиони!

Несекојдневен успех на првото Државно првенство на Македонија во забрзан шах за...

Останато

Делчево ќе добие современа спортска сала – Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела Македонија

Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција...

Останато

Убедлива победа за одбојкарките на Струмица над Универзитет во Тетово

Поранешниот шампион на Македонија, Струмица, забележа убедлива победа од 3:0 во сетови...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!