Во време кога родителите сè повеќе се насочуваат кон квалитетни и безбедни активности за своите деца, летните кампови стануваат сè популарен избор. Тие не се само место за одмор, туку и простор за развој, стекнување нови вештини и создавање пријателства. За концептот, организацијата и значењето на ваквите кампови разговараме со професорката Магдалена Коцева и тренерот Бојан Коцев, кои веќе неколку години успешно организираат летни кампови во Неа Пори и Калитеа.
Во своето објаснување за почетоците, Магдалена и Бојан истакнуваат дека идејата произлегла од желбата да се создаде нешто вредно за младите.
- Што ве мотивираше да започнете со организација на летни кампови?
Нашата главна мотивација беше желбата да им овозможиме на децата и младите квалитетно да го поминуваат летото – надвор од секојдневието, со нови пријателства, спорт и активности што ќе им помогнат во нивниот личен развој.
Организаторите потенцираат дека токму пристапот и вниманието кон секој детал се клучната разлика.
- Што ги прави вашите кампови поразлични од останатите?
Пред сè, пристапот. Работиме посветено и професионално, со јасна организација и програма. Камповите се со хотелски смештај и полн пансион, а секој ден е исполнет со активности, дружење и забава. Но, најважно од сè е што секое дете е под постојан надзор и грижа.
- Колку е важна безбедноста во вакви кампови?
Магладена и Бојан не оставаат простор за дилема кога станува збор за ова прашање.
Безбедноста е наш највисок приоритет. Родителите ни ја доверуваат највредната работа – нивните деца, и затоа вложуваме максимална грижа, организација и внимание во секој сегмент.

Според нив, придобивките се многу повеќе од обична забава.
- Што добиваат децата и младите од ова искуство?
Освен забава, тие стекнуваат самодоверба, нови пријателства и учат да функционираат во тим. Тоа се искуства што остануваат за цел живот.
- Што би им порачале на родителите кои размислуваат да ги испратат своите деца на камп?
Да не се двоумат – ова е можност децата да растат, да се осамостојат и да доживеат лето кое ќе го паметат засекогаш.
Летните кампови во Неа Пори и Калитеа, организирани од Магдалена Коцева и Бојан Коцев, претставуваат многу повеќе од обично патување. Тие се место каде младите растат, се развиваат и создаваат спомени кои траат цел живот. Со посветеност, професионален пристап и јасна визија, организаторите продолжуваат да градат традиција заснована на доверба, квалитет и искрени детски насмевки.