ИнтервјуРакомет

ИНТЕРВЈУ| Ројевиќ: „Ќе продолжиме да го даваме својот максимум за овој клуб и за овој град“

Сподели
Сподели

Историската сезона во која ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп останува зад клубот, но новите предизвици веќе се пред врата. Со стартот на подготовките, охридскиот тим започна ново поглавје, а пред тренерот Борис Ројевиќ е задачата повторно да создаде тим што ќе биде конкурентен на домашната и европската сцена.

По заминувањето на неколку важни ракометари и доаѓањето на нови засилувања, во ексклузивен разговор за Спортска Мрежа, српскиот стратег порачува дека им претстои тешка сезона, но и дека Охрид нема да отстапи од препознатливиот пристап – максимална работа и борба на секој натпревар.

ФОТО: ГРК Охрид

„Историската сезона е зад нас, но сега почнува нов предизвик“

Ројевиќ со гордост зборува за успехот што неговиот тим го постигна минатата сезона, која ја оценува како една од најубавите во својата тренерска кариера. Сепак, нагласува дека вниманието веќе е насочено кон новите предизвици и желбата Охрид повторно да има успешна сезона.

„Па добро, навистина една фантастична сезона е веќе зад нас, една можеби и најубава сезона за мене како тренер, во која навистина уживав. Еве сега повторно се собравме, да се обидеме да одиграме уште една добра сезона.“

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Заминувањето на Реј е голем хендикеп

Тренерот не крие дека заминувањето на неколку важни играчи, а особено на Ориол Реј, ќе биде сериозен удар за тимот. Сепак, верува дека новите засилувања ќе донесат нов квалитет, иако вистинската слика ќе се види низ сезоната.

„Она што морам да го истакнам е дека заминаа многу важни играчи од Охрид. Особено заминувањето на Реј е навистина неочекувано за нас, заминување во јули. Може да се каже сигурно дека тој беше главен столб на Охрид, така што, тоа ќе биде навистина огромен хендикеп. Меѓутоа, дојдоа некои нови играчи, добри играчи. Ќе видиме во текот на сезоната каде сме со квалитетот во однос на минатата сезона, но исто така морам да кажам дека сите три екипи зад нас драстично се засилија и сигурно е дека нè очекува многу тешка сезона.“

ФОТО: ГРК Охрид

„Ќе го дадеме својот максимум за Охрид“

И покрај силната конкуренција и бројните промени во составот, Ројевиќ останува доследен на филозофијата што му донесе успех и минатата сезона – максимална посветеност, чекор по чекор и целосна борба за клубот и градот.

„Сепак, ние како и лани, ќе дадеме свој максимум на секој тренинг и на секој натпревар, ќе одиме од натпревар во натпревар без некои големи оптоварувања и повторно ќе го даваме својот максимум за овој клуб и за овој град.“- вели тренерот на охриѓани, за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Историскиот успех донесе големи очекувања, но и дополнителна одговорност.

Пред ГРК Охрид е сезона исполнета со предизвици, промени и силна конкуренција, но во таборот на „гладијаторите“ веруваат дека со посветена работа, тимски дух и препознатливата борбеност повторно ќе бидат фактор во борбата за трофеите. Како што порачува и самиот Ројевиќ, единствениот пат е максимален пристап – на секој тренинг, на секој натпревар и во секој момент кога се брани грбот на Охрид.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а македонскиот третолигашки фудбал ќе биде поделен во шест регионални групи, една...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година трагично почина Даниел Николовски, млад фудбалер кој својот живот го посвети...

Поврзани написи
Ракомет

Богданци се мобилизира: Салата „Млаз“ вечерва ќе биде исполнета до последното седиште!

Богданци повторно живее за ракометот! Вечерва спортската сала „Млаз“ ќе биде епицентарот...

Ракомет

„Езерското дерби секогаш носи посебна мотивација“ – Ѓорѓески верува во победа пред охриѓани!

По возбудливиот старт на сезоната и ремито против Еурофарм Пелистер, ГРК Охрид...

Ракомет

ФОТО: Салата „Млаз“ во Богданци има нов режим на влез – ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Младост в сабота го игра првиот домашен меч во Супер лигата против...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!