Фудбалскиот клуб Ржаничино го потврди своето учество на Ohrid Winter Cup, доаѓа со силна генерација 2012 и ја засилува конкуренцијата.
Клубот доаѓа од скопско Ржаничино, општина Петровец, сениорскиот тим се натпреварува во Трета лига регион 1, а клубот од оваа сезона го доби и ЖФК Ржаничино.
Се работи за фудбалска академија која е расадник на млади таленти, каде се работи со план и стратегија и правилен развој.