Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија комплетна пред дуелот со Кипар – Димитријевиќ и Рајт се приклучија на репрезентацијата!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ги комплетираше подготовките пред утрешниот натпревар против Кипар, откако на попладневниот тренинг во спортската сала „Лазар Лечиќ“ пристигнаа и последните двајца повикани интернационалци – Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт.

Со нивното приклучување, селекторот Жозеп Марија Берокал сега ги има на располагање сите кошаркари од списокот за претстојниот репрезентативен предизвик. Присуството на двајцата интернационалци претставува дополнителен квалитет за националниот тим во пресрет на важниот дуел, на кој Македонија ќе се обиде да стигне до втората победа во втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Во репрезентативниот табор владее позитивна атмосфера, а избраниците на Берокал се подготвени за натпреварот кој може да има значајна улога во продолжението од групната фаза.

Македонија и Кипар во овој прозорец влегуваат со идентичен учинок. По августовските натпревари, двете селекции имаат по една победа, остварена против Австрија, која е третата репрезентација во групата „Ф“.

Натпреварот Македонија – Кипар ќе се одигра утре со почеток во 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Директниот телевизиски пренос ќе биде на програмата на МРТ 1.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово на бод до Новаци: полесен распоред за домаќинот на Шкупи, потежок пат за „жетварите“

Еден бод ги дели Новаци и Осогово пред последното есенско коло во Втората лига, но нивните задачи се значително различни. Новаци го пречекува...

Втора лигаФудбал

Кожуф го фати вистинскиот ритам: осум бода во четири кола и поглед кон горниот дел

Две гостински победи и две домашни ремија го променија бодовното темпо на Кожуф. Гевгеличани во последните четири кола освоија осум бода, покажаа дека...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гоце Седлоски повеќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија испрати порака на почит и благодарност до Гоце...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Ништо не е готово, секоја победа не носи поблиску до целта!

Македонската сениорска репрезентација ја очекува важен дуел против Кипар, втор во рамките...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Позната судиската тројка за дуелот Македонија – Кипар

Францускиот судија Валентин Олио и Грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов ќе...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У16 и Црна Гора без голови на првата контролна средба

Македонската репрезентација до 16 години одигра нерешено 0:0 против Црна Гора во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!