Трета лигаФудбал

Апостолов главен во Берово, Филипов во Дојран, Коцев ќе им суди на Турново и делчевска Брегалница

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



За во недела се закажани натпреварите од 17. коло на Трета лига – Исток, познати се и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата.

Во Берово се игра натпреварот меѓу Малеш и Карбинци, каде главен судија ќе биде Тодор Апостолов, а ќе му помагаат Мики Ѓеоргиевски и Игорче Богатинов. Делегат ќе биде Гоце Димитров, а контролор Горан Ѓоргиев.

На стадионот „Кукуш“ ќе се соочат два поранешни прволигаш – Хоризонт Турново домаќин на Брегалница од Делчево. Правдата ќе ја дели Борче Коцев, а ќе му асистираат Андон Михајлов и Живко Прочков.

Ристо Крстов е делегат, а контролор на оваа средба ќе биде Илија Стефанов.

Во Дојран ќе се одигра дерби на Југот меѓу Дојранско Езеро и Победа Валандово, иако формата на домаќинот не е идеална, а гостинот ќе биде фаворит, сепак се игра за престиж.

Правдата му е доверена на Игор Филипов, а негови помошници ќе бидат Николче Симонов и Ристе Бојчев. Делегат ќе биде Миле Костов, а контролор Тони Манчев.

Екипите на Ударник и Овче Поле ќе бидат слободни во рамки на оваа коло.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!